Фудбалскиот терен повторно се искористи за работа за која нема место во спортот, откако дрон со политичка провокација се појави на средината од теренот на средбата помеѓу Дуделанж и Карабах одиграна синоќа во Лигата на Европа.

Во 33-та минута при резултатот 2-0 за гостинска екипа на теренот дрон долетал со знаме со идеолошки ознаки. На знамето стоела територијата за која Азербејџан и Ерменија водат долгогодишен спор. Фудбалерите од Карабах пробаа со удирање на топка да срушат дронот, но не успеаја. Мечотппрекинат беше половина час а потоа продолжен.

Сличен ваков инцидент се случи на квалификацискиот натпревар помеѓу Србија и Албанија во 2014 година. Тогаш, на теренот закачено на дрн долета знаме од „Голема Албанија“ а потегот иницираш голем инцидент на целиот стадион.

OhridNews