Хрватскиот клуб Динамо Загреб приреди големо изненадување во 1/8 финалето од Лигата на Европа, елиминирајќи го англискиот премиерлигаш Тотенхем со вкупен резултат 3-2.

„Модрите“ на крилата од Мислав Орсиќ во регуларниот дел од реванш натпреварот ја анулираа предноста на гостите, победувајќи со 2-0. Одлуката за победникот падна во дополнителните 30 минути. Херој беше Орсиќ, кој со третиот погодок во мрежата на Тотенхем донесе победа од сензационални размери за Динамо Загреб.

Мега пресметката во 1/8 финалето во Лигата на Европа помеѓу Милан и Манчестер Јунајтед му припадна на англискиот состав, кој пласман во топ 8 обезбеди со вкупен резултат 1-2. Човек на одлука на „Сан Сиро“ и на двомечот беше Пол Погба. Французинот погоди во 49-та минута, само четири миниту што влезе во игра. „Росонерите“ нападнаа, но не успеаја да постигнат погодок со кој ќе осигураа продолженија.

  • Резултати:

Арсенал – Олимпијакос 0-1 (3-1)

Динамо Загреб – Тотенхем 3-0 (0-2)

Молде – Гранада 2-1 (0-2)

Шахтјор Доњецк – Рома 1-2 (0-3)

Милан – Манчестер Јунајтед 0-1 (1-1)

Глазгов Ренџерс – Славија Прага 0-2 (1-1)

Виљареал – Динамо Киев 2-0 (2-0)

Јанг Бојс – Ајакс 0-2 (0-3)

Во заградите се резултатите од првите натпревари.

OhridNews