Српскиот првак Црвена Ѕвезда забележа нов триумф во групната фаза од Лигата на Европа, совладувајќи го белгиски Гент со 2-1 (1-1), додека најпријатно изненадување е високата победа на Лил од 3-0 на гостувањето кај тимот на Милан.
„Црвено белите“ на домашен терен потешко од очекувањата, но успешно се справија со тимот на Гент. Домаќините поведоа во 12-та минута со голот на Канга. Гостите до финишот на првиот дел изедначија преку Офое кој со голема доза на среќа ја затресе мрежата. На средината од второто полувреме Катаи со одмерен удар од 20-тина метри ја погоди целта за 2-1, резултатот кој на крајот се покажа како конечен.
На Милан на „Сан Сиро“ му пресуди Јусуф Јузичи кој ги постигна трите голови за Лил во триумфот од 3-0. Турскиот фудбалер погодуваше од пенал, од игра и беше нерешлива енигма за „росонерите“.
Резултати:
Група Г: Лестер – Брага 4-0, Зорија – АЕК 1-4
Група Х: Милан – Лил 0-3, Селтик – Спарта Прага 1-4
Група И: Сиваспорт – Карабах 2-0, Виљареа – Макаби Тел Авив
Група Ј: Лудогорец – Тотенхем 1-3, Антверп – ЛАСК 0-1
Група К: Динамо Загреб – Волфсбергер 1-0, Феенорд – ЦСКА Москва 3-1
Група Л: Црвена Ѕвезда – Гент 2-1, Хофенхајм – Либерец 5-0
OhridNews