Фудбалерите на Манчестер Јунајтед зачекорија кон 1/8 финалето во Лигата на Европа, победувајќи на гостински теренкај Реал Сосиедад со 4-0, додека Црвена Ѕвезда со гол во судиското продолжение извлече реми 2-2 со Милан, на домашен терен во Белград, во првите мечеви од 1/16 финалето.

Херој на белградските „црвено бели“ е Павков, кој погоди за 2-2. Претходно, Панков му помогна на Милан да го отвори резултатот, постигнувајќи погодок во сопствената мрежа. Првата предност на Милан ја анулираше Канга од белата точка, а за 1-2 погоди Тео Херндез од пенал. Ремито на Црвена Ѕвезда добива дополнителна тежина, бидејќи од 77-та минута играа со фудбалер помалку, после црвениот картон на Родиќ.

Избраниците на Оле Гунар Солскјер по само 90 минути ги решија дилемите во двомечот со Реал Сосиеда. Англискиот премиерлигаш го покажа сиот свој потенцијал и со 4-0 го преслуша шпанскиот клуб. Првите два голови ги постигна Бруно Фернандес, а потоа стрелаа Маркус Рашфорд и Даниел Џејмс.

  • Резултати:

Динамо Киев – Клуб Бриж 1-1

Краснодар – Динамо Загреб 2-3

Црвена Ѕвезда – Милан 1-2

Олимпијакос – ПСВ Ајндховен 4-2

Реал Сосиедад – Манчестер Јунајтед 0-4

Брага – Рома 0-2

Славија Прага – Лестер 0-0

Волфсбергер – Тотенхем 1-4

Јанг Бојс – Баер Леверкузен 4-3

OhridNews