Без голови и без победник заврши пресметката помеѓу Црвена Ѕвезда и Хофенхајм, во петтата рунда од фазата по групи во Лигата на Европа. Со ремито, двете екипи ги заверија првите две позиции на табелата и обезбедија европска пролет во најмасовното клупско натпреварување.

Германскиот бундеслигаш за нијанса беше подобар противник, имаше повеќе од играта и повеќе шанси. Гостите упатија пет удари во рамките од голот, додека домаќините се заканаа само еднаш во 90 минути. Хофенхајм во нокаут фазата патува како првопласиран, додека Црвена Ѕвезда од втората позиција.

Во натпреварите кои започнаа во 18:55 часот за издвојување е триумфот со пресврт на Милан против Селтик на „Сан Сиро“. Шкотланѓаните имаа предност 0-2, но Милан со добра игра до крајот на првиот дел се врати 2-2, а во вториот со два голови обезбеди победа.

  • Резултати:

Група Г: АЕК – Брага 2-4, Зорија – Лестер 1-0

Група Х: Милан – Селтик 4-2, Лил – Спарта Прага 2-1

Група И: Карабах – Макаби Тел Авив 1-1, Сиваспор – Виљареал 0-1

Група Ј: ЛАСК – Тотенхем 3-3, Антверпт – Лудогорец 3-1

Група К: ЦСКА Москва – Волфсбергер 0-1, Феенорд – Динамо Загреб 0-2

Група Л: Црвена Ѕвезда – Хофенхајм 0-0, Гент – Слован Либерец 1-2

OhridNews