Српскиот шампион Црвена Ѕвезда ги прокнижи првите бодови на табелата во групната фаза од Лигата на Европа, триумфирајќи на домашен терен против Либерец со убедливи 5-1 (2-1).

Белградските „црвено бели“ високата победа ја најавија во првите 25 минути, кога успеаја два пати да ја погодат мрежата на ривалот. Прецизен беше Бен ел Фарду. Гостите пред крајот на првиот дел постигнаа погодок и ја вратија неизвесноста во натпреварот.

Сепак, избраниците на Дејан Станковиќ во второто полувреме не дозволија возбудувања откако постигнаа нови три погодоци. На 3-1 зголеми Милан Гајиќ, за 4-1 стрелаше Александар Катаи, а конечните 5-1 ги постави Диего Фалчинели.

Нов триумф во Лигата на Европа забележа и Милан. Еден од фаворитите за тронот во најмасовното клупско натпреварување го совлада составот на Спарта Прага со 3-0. Брахим Дијаз го отвори резултатот во 24-та минута. „Росонерите“ победата ја заверија со два голови во второто полувреме. Рафаел Леоа и Диего Далот ја затресија мрежата на Спарта Прага.

Резултати:

Група Г: АЕК – Лестер 1-2, Зорија – Брага 1-2

Група Х: Милан – Спарта Прага 3-0, Лил – Селтик 2-2

Група И: Карабах – Виљареал 1-3, Сиваспорт – Макаби Тел Авив 1-2

Група Ј: Ласк – Лудогорец 4-3, Антверп – Тотенхем 1-0

Група К: ЦСКА Москва – Динамо 0-0, Феенорд – Волфсбергер 1-4

Група Л: Црвена Ѕвезда – Либерец 5-1, Гент – Хофенхајм 1-4

OhridNews