Црвена Ѕвезда ќе го пречека Милан во Лига Европа, пред празни трибини, ја објавија одлуката на Кризниот штаб, српските медиуми.

Кризниот штаб на Србија, донел одлука, дека нема да бидат ублажени или укинати некои од претходно донесените мерки.

Натпреварот на Црвена Ѕвезда воопшто не беше тема на состанокот. – им изјавил на медиумите докторот, Предраг Кон.

УЕФА, пред неколку месеци донесе одлука, натпреварите да се играат со присуство на публика, доколку тоа го предвидуваат правилниците на државите.

Црвена Ѕвезда за 11 дена, во првиот натпревар од 1/16-финалето, во Лига Европа, ќе го пречека Милан.

OhridNews