Фудбалерите на Челси со гостински триумф (2-1) ги залечија раните од поразот од Манчестер Сити (6-0) во Премиер лигата, а Наполи со победата (3-1) против Цирих ја потврди фаворитската улога за освојување на титулата во Лигата на Европа.
„Сините“ изнудија малку насмевки на лицата од своите навивачи ивнесоја малку позитивна атмосфера, откако со 2-1 го совладаа Малме во првиот меч од 1/16 финалето во Лигата на Европа. Творци на победата беа Рос Баркли и Оливие Жиру кои ја погодија мрежата на противникот, додека почесниот погодок за домаќините го постигна Андерс Кристијансен.
Избраниците на Карло Анчелоти со демонстрација на квалитетот покажаа дека не случајно се наоѓаат во пол позиција за титулата во ЛЕ. „Азурите“ во првите 20-тина минута постигнаа два погодоци и го матираа домаќините. Резултатот го отвори Лоренцо Инсиње, а на 2-0 зголеми Хозе Калјехон. Во 77-та Питер Зиелински погоди за 3-0, а домаќините од белата точка го ублажија поразот.
Резултати: Селтик – Валенсија 0-2, Клуб Бриж – Салзбург 2-1, Цирих – Наполи 1-3, Малме – Челси 1-2, Шахјтор Доњецк – Ајнтрахт Франкфурт 2-2, Спортинг Лисабон – Виљареал 0-1, Викторија Плзен – Динамо Загреб 2-1
OhridNews