Еден од трите македонските преставници во Лигата на Европа, Работнички ги заврши мечевите откако со вкупен резултат (2-1) беше елиминиран од Будуќност.
Црногорците поволното реми во Скопје (1-1) пред своите гледачи го капитализираа со минална победа 1-0 која ги одведе во следната фаза од квалификациите во ЛЕ.
Домаќините рано уште во 18-та минута стигнаа до водство, а тоа го направија со гол од пенал. За да бидат работите дополнително закомпликувани се погрижи Леон Најдоски кој заработи директен црвен картон.
Со бројчана позитава на теренот фудбалерите на Будуќност доминираа и не му оставија ниту мала надеж на „романтичарите“ за погодок кој ќе ги вратеше во игра за пласман понатаму.
Работнички сезонава не успеа да го повтори минатогодишниот успех кога стигна на чекор од пласман во групната фаза од Лигата на Европа.
OhridNews