Екипите на Базел и Манчестер Јунајтед, широко си ги отворија вратите за пласман во ТОП 8 забележувајќи убедливи победи на гостински терен кај Ајнтрахт Франкфурт односно ЛАСК Линц во првите натпревари од осминафиналето во Лигата на Европа.

Тимот на Базел приреди изненадување во Германија совладувајќи го составот на Ајнтрахт Франкфурт со 3-0, додека „црвените ѓаволи“ во целост ја оправдаа фаворитската улога против ЛАСК славејќи победа од 5-0. Минимален но значаен триумф извојува турскиот клуб Башакшехир кој пред своите гледачи го совлада дански Копенхаген со 1-0. Средбата помеѓу Севиља и Рома е одложена.

Резултати:

Ајнтрахт Франкфурт – Базел 0-3

Истанбул Башакшехир – Копенхаген 1-0

ЛАСК – Манчестер Јунајтед 0-5

Севиља – Рома одложена

OhridNews