Германскиот бундеслигаш Херта, Рапид од Виена, Ријека од Хрватска, чешката Млада Болеслав и подобриот од дуелот Генк – Будуќност се потенцијалните противници на Шкендија ако успее да го мине тимот на Нефчи.
Тетовските „црвено црни“ се наоѓаат во пол позиција откако во Баку, Азербејџан одиграа реми без голови. На реваншот на „Филип Втори“ потребна им е победа за пласман во следната фаза.
Гостувањето на Херта или Рапид Виена во Скопје ќе биде сензација и повторување на успехот од Работнички кој е наш најсветол тим во Лигата на Европа.
УЕФА ги одреди и под групите за Лигата на Шампиони, но Вардар после поразот 2-1 на домашен терен од Динамо Загреб има (не)возможна мисија во Хрватска.
Потенцијални противници на Вардар или Динамо Загреб се победниците од дуелите Розенборг – Норчепинг, Астана – Жалгирис, Шериф Тираспол -Хапоел Бер-Шева, Динамо Тбилиси – Алешкарт и Тренчин – Олимпија Љубљана.
OhridNews