Англискиот премиерлигаш Арсенал со позитива од два погодоци ќе патува на реваншот на „Сан Паоло“ совладувајќи го составот на Наполи со 2-0 на „Емирати“ во првиот меч од 1/4 финалето во Лигата на Европа.
„Топчиите“ за неполни десет минути го средија гостинот од Италија. Во 15-та минута Арон Ремси го отвори резултатот, а во 25-та веќе беше 2-0 откако фудбалерот на Наполи, Калид Кулибали сам си ја затресе мрежата. Во продолжението од мечот двете екипи имаа свои прилики, но остана истиот резултат.
На домашен терен победа извојува Бенфика која со 4-2 победи против Ајнтрахт, а гостински победи се израдуваа Челси и Валенсија, кои, славеа против Славија Прага (1-0) односно Виљареал (3-1).
Реваншите се играат следниот четврток.
OhridNews