Фудбалерите на Арсенал, забележаа висока победа во дербито од првата рунда во Лигата на Европа, совладувајќи го Ајнтрахт Франкфурт со убедливи 3-0 (1-0) во Германија.
„Топчиите“, погодокот за водство го постигнаа во 38-та минута преку Жозеф Вилок. Тој резултат беше активен до 85-та минута кога Букајо Сака погоди за 2-0. Конечните 3-0 ги постави Пјер Америк Обамејанг две минути подоцна. Во меѓувреме домаќините останаа со играч помалку откако втор жолт картон доби Доминик Кор.
Резултати:
Група А: Апоел – Дуделанж 3-4, Карабах – Севиља 0-3
Група Б: Динамо Киев – Малме 1-0, Копенхаген – Лугано 1-0
Група Ц: Базел – Краснодар 5-0, Гетафе – Трабзонспор 1-0
Група Д: Ласк – Розенборг 1-0, ПСВ Ајндховен – Спортинг Лисабон 3-2
Група Е: Клуж – Лацио 2-1, Рен – Селтик 1-1
Група Ф: Ајнтрахт Франкфурт – Арсенал 0-3, Стандард Лиеж – Виторија Гимараеш 2-0
OhridNews