Возбудувањата во фудбалска Европа продолжуваа со возвратните натпревари од 1/16 финалето во најмасовното клупско натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа.
Во фокусот на јавноста ќе биде дуелот помеѓу Арсенал и БАТЕ Борисов на Емирати стадионот. „Топчиите“ во првиот натпревар изгубија минимално (1-0) и пласман понатаму после регуларните 90 минути ги води победа со два погодоци разлика.
- Знаеме што не очекува и што треба да направиме. Немаме право на грешка и лош ден. Треба да победиме два разлика за сигурен пласман, бидејќи победа 1-0 и драма потоа не ни треба. – изјави менаџерот на Арсенал, Унаи Емери.
Мечевите од ЛЕ се лек за раните на Челси. На „сините“ не им оди добро во Премиер лигата, а ниту во ФА купот не поминаа добро затоа што изгубија од Манчестер Јунајтед на Стемфрод Бриџ. Избраниците на Маурицио Сари на домашен терен треба рутински да ја завршат работата против Малме која ја почнаа со гостинскиот триумф 2-1.
Двојки: Арсенал – БАТЕ Борисов (0-1), Динамо Загреб – Викторија Плзен (1-1), Ајнтрахт Франкфурт – Шахјтор Доњецк (2-2), Наполи – Цирих (3-1), Салзбург – Клуб Бриж (1-2), Валенсија – Селтик (2-0), Виљареал – Спортинг Лисабон (1-0), Зенит – Фенербахче (0-1), Баер Леверкузен – Краснодар (0-0), Бенфика – Галатасарај (2-1), Челси – Малме (2-1), Динамо Киев – Олимпијакос (2-2), Генк – Славија Прага (0-0), Интер – Рапид (1-0), Бетис – Рен (3-3), Севиља – Лацио 2-0 (1-0)
OhridNews