Либерално демократската партија -ЛДП на наредните локални избори во 2009 година во Охрид ќе настапи самостојно, најави раководството на партијата во Охрид на прес конференција што денеска се одржа во х. Ривиера.


ЛДП оди самостојно на избори

„ЛДП  на наредните локални избори, а најверојатно и на парламенталните избори ќе настапи самостојно“, рече Јордан Трца, претседател на општинската организација на ЛДП-Охрид. Запрашан дали се подготвува промена во локалното раководство, Трца потврдно одговори дека интенција на паријата е по последниот Конгрес на кој дојде до смена на лидерот во партијата, да се освежат и раководствата на ограноците. Како најсериозен наследник на Трца се споменува името на актуелниот директор на ЈП Охридски Комуналец и советник, Боро Павлоски. „ЛДП има многу  кадри и новиот претседател ќе биде само прв меѓу еднаквите, а позади него ќе стои еден квалитетен тим кој успешно ќе ги реализира очекувањата на граѓаните“, рече Павлоски. Изборната конференција на ЛДП во Охрид најверојатно ќе се одржи на пролет.


Дали Павлоски ќе го замени Трца?

Партијата искажа задоволство од партиципирањето во Советот и работата на градоначалникот и најави дека ЛДП во овој состав на Советот останува и натаму лојален коалициски партнер на СДСМ.

Повод за денешната средба со новинарите е партиската трибина што утре со почеток во 18ч. ќе се одржи во големата сала на општината. На трибината насловена како „Како понатаму-ЛДП знае!“ ќе присуствуваат претседателот на партијата Јован Манасиевски и членовите на највисокото партиско раководство Ѓунер Исмаил и Ристо Пенов.

Г.Момироски