На првата седница на новоформираниот Централен одбор на ЛДП, по конгресот на партијата согласно статутарните процедури, комплетирани се органите на партијата.

Централниот одбор избра тројца потпретседатели на ЛДП и тоа Андреј Жерновски, пратеник и досегашен потпретседател на ЛДП, Весна Велиќ Стефановска, универзитетски професор и Маријан Костадинов, стопанственик. Избран е и новиот состав на Извршниот одбор на ЛДП.

На денешната седница на ЦО на ЛДП, партијата и формално ги отпочна непосреднте подготовки за вонредните парламентарни избори.

Формиран е централен изборен штаб на партијата чиј шеф е генералниот секретар на партијата Дуфе Кукоски. Истовремено, стартуваше и постапката за избор на кандидати за пратеници која ќе се одвива месецов.

OhridNews
извоор: Makfaks