Од општинската ЛДП изразуваат загриженост, како што велат, за градежните планови кои се однесуваат на најчувствителните локации во Охид.
– Последниве недели јавноста е запрепастена од планираната урбанизација, почнувајќи од ридот кај Плаошник, за која зборувавме уште во 2011 година како партија, преку планирање на патеката и бетонирањето на Студенчишко Блато, завршувајќи со изникнатата градба кај една од најзначајните локации, како од верски така и од археолошки апсект, во месноста викана Заум. ЛДП нема намера да остане нема на ваквите планирани дејствувања во Охрид, уште повеќе нема да дозволи централната власт кога станува збор за државно земјиште, како и локалната власт кога станува збор за земјиште кое му припаѓа на градот да се однесуваат како да е наследство од нивните родители, наведуваат од ОО на ЛДП.
Од партијата додаваат дека преку својот институционален претставник во советот на општина Охрид, Дејан Блажески, на следната седница на советот ќе предложи точка на дневен ред во која треба да се разлгедаат наведените теми. Истовремено, упатуваат покана за присуство до министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски кој треба да одлучува за Охрид.
– Ги повикуваме и граѓаните за поддршка преку формите кои допонително ќе ги договориме, доколку не се покаже слух и се дозволи, наводно бизнис поедници да профитираат на сегашноста од граѓаните и на иднината од поколенијата, велат од ЛДП.
Оттаму со прашање до локалната самоуправа дали МПЦ обезбедила план за градба и дали на Охрид му се заканува Стденчишта 2015 ако Скопје го имаше Скопје 2014? Од партијата упатуваат прашање и до одговорните од Заводот и Музеј – Охрид, дали изградениот објект во Заум значи заштита на културното наследство и автентичност и дали пред изработка на проектот за ревалоризација на тој простор треба да никнуваат градби.
Од ЛДП потенцираат дека доколку не се појавеле фотографиите од објектот на интернет јавноста немало да биде запознаена за тоа што се случува во Заум.
– Оттаму се провлекува и прашањето за колку вакви „легални“ градби допрва и што е најважно многу доцна ќе дознаваме?, прашуваат од ЛДП.
OhridNews