ЛДП потенцира дека изминало многу време од кога советникот Дејан Блажевски побара од Секретарот Спасески да го достави договорот за лизгалиштето пред јавноста и истовремено службите да ја достават целокупната документација на домашна адреса, што е законско право на секој граѓанин, а не само на советник.
– До денес, советникот Блажески нема добиено никаков одговор, освен барање за извинување и повлекување јавна изјава како предлог пред да биде започната постапка за тужба за клевета од страна на Секретарот кон нашиот советник.Очигледно е дека Секретарот , веројатно е повеќе од конфузен и место да одговори на нашите барања, што всушност е и наша работа како партија со претставник во Совет на општина Охрид, посегна по дневно политички теми и лични дискредитации, кои и понатму ги очекуваме, велат од општинската ЛДП.
Оттаму, додаваат дека според Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета не постои дело за клевета.
– Според членот 8 и од горе изнесеното, може јасно да се утврди дека не постои дело за клевета затоа што секретарот не се оградува од позитивниот ефект на договорот ниту пак ќе спомене негативност од договорот. Секретарот позитивно ќе се изјасни за бенефициите за граѓаните од проектот, дури и ќе додаде дека договрот е регуларен и дека тој како дел од локалната е задоволен што е реализиран. Следствено на поднесување на пријава за клевета се поднесува и лекарско уверение / психијатриско мислење според кое се утврдува како изнесени клевети и лаги влијаеле на психичка состојба на тужителот. Парадоксално е да поднесе таква документација која од друга страна пак е нужна за утврдување на психичка состојба, кога самиот тој е презадоволен од проектот Лизгалиште.Исто така, во своите изјави никаде не споменува ништо спорно и негативно во однос на договорот со што на било кој начин би можело да му се наруши неговата чест и углед , особено кога е посочен како НЕОФИЦИЈАЛЕН подписник на договорот, велат од ЛДП.
Од општинската ЛДП потенцираат дека ќе останат доследни на барањето за доставување на договорот и за содржината ќе реферираат пред граѓаните. Додаваат дека доколку се покаже дека има основа како партија ќе покренат кривична пријава.Од градоначалникот бараат да го ревидира однесувањето на Секретарот .