Раководството на Либералдемократската партија на Македонија –ЛДП, деновиве ќе заземе конечен став како ќе настапи на претстојните локални и претседателски избори.

Како што дознаваме, во партијата постои големо расположение на следните избори ЛДП да настапи самостојно. Сепак, велат нашите извори, не се исклучува можноста во одредени општини, вклучително и во Охрид, партијата да подржи кандидат на друга политичка опција.

Конечната одлука за начинот на кој либералдемократите ќе настапат на следните избори ќе биде донесена на состанокот на централното раководство во Скопје. До тогаш охридските либералдемократи најавија дека ќе се воздржат од било каков коментар поврзан со претстојните избори.

Ohridnews