ЛДП изразува жалење за, како што велат, нерсериозноста на раководните лица во општина Охрид кои на целосно некоректен начин, со серија навреди реагирале на прашањето: Кој ќе гради кај Плаошник?, поставено од страна на советникот од редовите на партијата, Дејан Блажески.
– Плацот таксан за викендичка до лани беше обичен зелен појас, меѓутоа со промените на деталниот урбанистички план (ДУП) од јуни 2014 година мнозинството советници во Општината Охрид, предводени од ВМРО-ДПМНЕ, решија таму да се гради куќа. Вистината полека излегува на виделина а и принципиелноста на ДПМНЕ, кои беа едни од најгласните пред изборите за претераната урбанизација. Повеќе од јасно е дека поставените прашања од советникот Блажески удираат во мета и покрај сите обиди за нивно релативизирање со соопштенија со малициозни содржини од страна на медиумските одработувачите и општинската служба за односи со јавност, велат од ОО на ЛДП.
Од ЛДП со прашање до градоначалникот- дали арсеналот навреди од страна на службите кон советникот Блажески за поставено прашање биле со цел да се замаскираат одредени работи и дали ќуќата која ќе се гради пред дворот на Канео е од лица блиски до владејачката партија?
OhridNews