Со подмладен состав селекторот Лазовски отпатва во Литванија каде ќе започне да се темпира формата за предолимпискиот турнир во Венецуела.

– Иако настапуваме во некомплетен состав, во Литванија одиме да дадеме сé
од себе и да одиграме максимално. Секако дека сме сериозно ослабени со тоа што четворица важни играчи
(Антиќ, Мекејлеб, Гечевски, Илиевски) отсуствуваат, но од друга страна
одлична шанса да се наметнат добиваат оние млади играчи кои ја
сочинуваат иднината на македонската кошарка. На Антиќ и Гечевски им е
потребен малку подолг одмор по напорните сезони, додека Владо Илиевски
веќе пристигна во Скопје и тренира по специјална програма изработена од
Сандро Бенкардино, за побрзо враќање во посакувана форма по повредата.
Бо Мекејлеб ќе ни се приклучи веднаш кога ќе заврши со финалната серија
во Литванија“, информираше селекторот Лазовски.

Капитенот Антиќ во меѓувреме ќе замине на специјалистички преглед во
Белград каде ќе изврши испитувања на порано оперираното стапало. Тој за
време на тренинзите почувствува болки, кои се и резултат на заморот од
напорната сезона со Олимпијакос. Стручниот штаб на нашата репрезентација
не сакаше да ризикува евентуално влошување на ситуацијата со повредата
на капитенот и тој ќе се приклучи непосредно пред заминувањето за САД.

Репрезентативците од Литванија се враќаат на 17-ти јуни, за по само
неколку дена да заминат на пат за САД, каде ќе ги продолжат подготовките
за настап во Венецуела.

Предолимпискиот турнир почнува на 2-ри јули, а Македонија е во група со Ангола и Нов Зеланд.