Македонија со пораз од Ангола со 88-84 ги стартуваше мечевите од предолимпискиот турнир во Каракас. Селекторот Марјан Лазовски, на прес-конференцијата по мечот, ја честиташе победата на африканскиот состав, напоменувајќи дека ништо не е загубено и тимот е се уште самоуверен.
„Тие (Ангола) беа подобри од нас и ја заслужија победата“, рече Лазовски на прес-конференцијата во „Полиедро“ арената. „Водеа уште од првата четвртина, тактички одиграа подобро од нас и им честитам за победата. Утре е нов ден, ние ќе бидеме посконцентрирани, ќе се обидеме да исправиме некои грешки што ги направивме вечерва и верувам во победа. Ништо не е загубено, ние и натаму сме самоуверени“, заврши Лазовски.
Репрезентацијата на Македонија вечерва го игра вториот меч во групата каде противник е Нов Зеланд. Натпреварот во „Полиедро“ е закажан за 20.00 часот.
На последниот меч во нашата група во среда, Нов Зеланд ќе се сретне со Ангола.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com