Охридскиот стратег Марјан Лазовски е задоволен од она како одиграл неговиот тим кој полека излегува од кризата но секако не е задоволен од крајниот исход. Охриѓани по овај пораз ја загубија третата позиција на табелата.

Се надевам дека овој натпревар значи излез од резултатската криза. Полека излегуваме од летарагијата и до стартот на плеј офот ќе успееме да се консолидираме и да одиграме на препознатливото ниво. Статистички бевме подобри но не го материјализиравме сето тоа – изјави тренерот на АМАК-СП, Марјан Лазоски.

Ohridnews