Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Марјан Лазовски по објавувањето на поширокиот список, истакна дека смета на сите кошаркари и оти сите ќе добијат шанса да се докажат дека го заслужуваат македонскиот дрес.
„Ова е поширок список на кошаркари кои ќе ги имаме во предвид за стартот на подготовките. Ќе им дадеме шанса и на младите Ѓуровски и Марковски, на Димитар Мираковски иако имаше проблеми со повреда сезонава, а тука, меѓу другите е и Диме Тасовски, кој со добрите игри годинава ја заслужи шансата. Ќе сметаме и на неколкумината натурализирани играчи, односно ќе пријавиме повеќе кошаркари, па ќе видиме што ќе се случи. Важно е да им дадеме шанса на сите да се докажат, за да можеме да го комплетираме конечниот список со навистина најдобрите кошаркари“ – истакна Лазовски.
Македонија во квалификацискиот турнир во Венцуела, се наоѓа во групата со Ангола и Нов Зеланд.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com