– Првите впечатоци за мене се позитивни, играта која ја прикажавме во Кавадарци беше во рамките на моите очекувања. Имавме пеколен ритам играјќи три меча во три дена што е верувајте ми доста тешко. Екипата одлично одговори на физички план , додека на тактички план им ауште да се работи, но до стартот на оние вистински мечеви има време за корекција – вели Марјан Лазовски.
Охриѓани на турнирот во Кавадарци забележаа две победи и еден пораз. Совладани беа Торус со 85-75 и Рилски Спортист со 103-91. Единстевнитот пораз го претпреа од Фени Инд со 87-68.
– Вискоиот пораз од Фени не беше права слика на случувањата на теренот. Скапо го плативме цехот на нереализацијата на слободните фрлања.
На мечот со Фени на кој охриѓани беа поразени со 19 поени кошаркарите не реализира 19 слободни фрлања.