– Дојдовме да победиме и да покажеме дека нашиот триумфот против Литванија во четврт-финалето од ланското ЕП не била случајна, ја пренесува веб порталот мкд.мк изјавата на селекторот Лазовски дадена за литванските медиуми.

Македонија на овој турнир настапи подмладена, но тоа воопшто не беше проблем да го земе скалпот на поранешниот европски првак.

Имав на располагање играчи што долго време играат заедно. Победата е значајна и поради фактот што ја остваривме со млади кошаркари и без четворица стартери. Би сакла да им честитам на литванските навивачи за прекрасната атмосфера во салата како и на литванската федерација за одличната организација на мечот. Се надевам на многу вакви добри игри не само на преолимпискиот турнир во Венецуела туку и на Олимписките игри во Лондон“, рече Лазовски.

Триумфот над Литванија, иако е во пријателска средба, ќе ги зголеми очекувањата на македонската јавност во пресрет на предквалификацискиот турнир во Каракс, Венецуела.

Македонската кошаркарска репрезентација е последната селекција која има можност на терен да се избори за место на Олимпијадата во Лондон.