По поразот од МЗТ пропуштена е можноста да се запоседне третото место на табелата кое останува да се брка до крајот од суперлигата. Стратегот на охриѓани Марјан Лазовски причината во поразот ја гледа во сопствените редови.

– Победата ја испуштивме во втората четвртина кога успеавме да се вратиме и да поведеме со четири разлика. Наместо да искористиме цел напад, ние ја загубивме топката и казната веднаш стигна. Поточно ние не успеавме да ги казниме нивните грешки, па затоа казната нам не стигна. Влеговме во мала криза, но верувам дека ќе успееме истата да ја надминеме и да се вратиме на третата позиција од табелата.