По повторното запознавање со топката по празниците, охридските кошаркари вчера го искоритија и првиот слободен ден, да се одморат и да акумулираат сила за престојните тренинзите.

Охригани поголемиот дел од подготвките ќе ги реализираат во Охрид, а би заминале од Охрид само за одигрување на контролни натпревари. Кoмплетиран е ростерот со кој ќе ги нападнат титулите на Фени Индустри.

 
–    Со новите  три кошаркари го комплетиравме нашиот ростер. Имаме доволно време да ги вооиграме кошаркарите и да атакуваме на титулите на Фени. Во план сме да одиграме неколку контроли со екипите на Пелистер и Вардар. Планираната контрола со бугарскиот Рилски Спортист отпадна поради згуснатиот распоред на тимот на Александар Тодорски – истакна Марјан Лазовски од кого управата на Амак очекува да доведе барем една титула во клупските витрини.

М.П.