Статус кво е ситуацијата во охридскиот лигаш. По елиминацијата од МЗТ Скопје , ретко кому ку се отвара уста да зборува што и како понатаму. Марјан Лазовски најави дека размислува за заминување од Охрид, но засега тоа е ставено во стенд-бај ситуација.

Да бидам искрен чекам разговор со раководството,кој треба да даде одговор на многу прашања. На пример зошто Џарид Фрај не ги одигра последните две средби за АМАК-СП? Не можам да сфатам некои работи, јас последен да дознавам дека Фрај нема да игра а се уште е во Охрид. Велеа дека наводно нашол ангажман во Америка, а тој е се уште во Македонија. Навистина чудна работа, барем за мене“- дополнува кормиларот на охридскиот тим.

Скопјанецот Лазоски не ја гледа својата иднина во охридскиот клуб. По поразот од Работнички на домашен терен тој ја најави својата оставка, но потоа се премисли и одлучи да остане до крај со тимот.

– Имам обврски кон клубот и во мај. Но, во овој момент е тешко да се предвиди што било, макар и некоја скора иднина. Својата не ја гледам во Охрид. Но, сакам да чујам што на сето ова ќе каже претседателот на клубот– заклучува човекот кој го донесе првиот трофеј во историјата на АМАК-СП.

ohridnews