Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Марјан Лазовски на денешната прес конференција го пронајде виновникот за неуспехот во Каракас. Според него тоа е левиот кош
„Левиот кош, на кој што шутираше „домашната“ селекција, имаше чудна
конструкција и чудно навалување, па сите репрезентации постигнуваа
помалку кошеви на него. На тоа реагираа сите репрезентации, но
организаторите само креваа раменици, со образложение дека секоја
селекција ќе игра едно полувреме на тој, а едно на нормалниот кош на
десната страна“ – истакна Лазовски.
Лазовски додаде дека жали за неоставрувањето на олимпискиот сон. – Прв пат како репрезентација настапивме на еден предолимписки турнир каде што имавме можност на едно спортско поле да покажеме што можеме. Не стигнавме до успехот на кој што се надевавме, но сите ние го дадовме максимумот, одигравме три одлични мечеви, на кои што за жал забележавме само една победа. Искуството вели дека сме близу до такво нешто, но треба со поголема работа и со поголема организација да стигнеме до едно повисоко ниво. За една година постигнавме огромни резултати, сметам дека како држава не сме целосно подготвени да ги апсорбираме“ – истакна селекторот Марјан Лазовски.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com