Марјан Лазовски новиот тренер на клупата на АМАК СП , се “запозна“ со своите помошници на кратката средба која ја имаа во Охрид.

Стартот на подготовките на новата сезона во која АМАК СП влегува со големи амбиции ќе биде во Среда на 6 Август.

Се одлучивме за овај датум, или можеби повеќе се врзавме за денот Среда, да тргнат на среќно работите – за ohridnews изјави Лазовски.

Поради обврските кон националната селекција каде Лазовски е прв помошник на Арсиќ, подготовките ќе ги започне првиот помошник Марјан Бошале.

Датумот на стартот на подготвките се поклопи со ланскиот датум кога ги започнавме подготовките. Се надевам дека оваа сезона ќе биде поуспешна од минатата – ни рече Бошале.

Охридскиот АМАК Сп годинава најави атак на една од титулите,а и се пријави за учество во Евро Челинџ купот.

М.Постоловски