Селекторот на Македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Лазовски, ги објави имињата на кошаркарите кои се наоѓаат во поширокиот список за старт на подготовките за предолимпискиот турнир во Каракас.

Турнирот, каде во конкуренција на 12 репрезентации, Македонија ќе се бори за пласман на Олимписките Игри во Лондон, почнува на 2 јули 2012 година, а првиот собир нашата репрезентација ќе го има во Скопје на 4 јуни 2012 година.

Селекторот Марјан Лазовски ги објави имињата кошаркарите кои го сочинуваат поширокиот список: Владо Илиевски, Лестер Бо Мекејлеб, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Ѓорѓи Чековски, Предраг Самарџиски, Кирил Николовски, Дарко Соколов
Димитар Мираковски, Александар Костоски, Ивица Димчевски, Марко Симоновски, Горјан Марковски, Стојан Ѓуроски, Бојан Трајковски, Бојан Крстевски, Јане Петровски, Диме Тасовски, Никола Караколев, Огнен Стојановски, Ристе Стефанов, Тод Зафировски, Џеремаја Мејси, Маркиз Грин, Дариус Вашингтон, Кенеди Винстон

Ohridnews