Марјан Лазовски е нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација. Поранешниот тренер на охридскиот АМАК СП за ohridnews ја потврди информацијата.
–
Попладнево имав состанок со раководните лица на федерацијата на кој ги договоривме деталите околу моето превземање на селекторската позиција – ни рече Лазовски.
Лазовски доаѓа на местото на Докузовски, кој замина во бугарскиот Лукоил Академик. Популараниот “Маки“ беше првиот човек во тимот на “војсководецот“ Марин во походот кон Европскиот врв.
– Она што се случи во Литванија беше неповторливо, сега најважно е да се одржи континуитет и да се избори пласман на Олимписките игри во Лондон. Секако дека ова е голем предизвик и чест за мене – истакна Лазовски.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com