Физичката неподготвеност, многуте повреди како и серијата клупски проблеми се причините кои го отповаруваат Александар Петровиќ во овај прв дел од првенството.

Но во тимот на МЗТ нема простор за разочарување, не е страшно да се загуби на гости од Амак Сп , кој моментално е по квалитетен тим од МЗТ.

–    Го следевме нивниот ритам се до финишот на мечот каде паднавме пред се на физички план, оствајќи им премноги простор под обрачите како и дозовлувајќи им на домаќините лесно да доаѓаат до чисти позиции за шут. Одлично париравме додека имавме сила и концентрација, неиграњето на Блажевски е голем хендикеп за нас, што се виде на мечот – истакна Петровиќ кој е задоволен од 5-4 скорот на МЗТ во првиот дел од првенството.

Во поголемиот дел од мечот резултат беше израмнет, ниту една од екипите на успеа да направи осетна предност. Одлучувачки беше финишот кој им припадна на охриѓани.

Натпреварот се игра 40 минути, и нема предвање до крајот. МЗТ вопшто не е е екипа за потценување . Во вториот дел го затворивме Станковиќ, а за нас е добро што на моменти кога играме можеби послабо, победуваме – вели Лазовски кој минатата година седеше на клупата на МЗТ. Нас ни недостасува играч  во ротација, кој се надевам ќе го обезбедиме во зимскиот преоден рок.

М.П.