Грција, Хрватска и Израел се противници на Македонија на Евробаскетот кој наредната година ќе се одигра во Полска.

Првиот помошник на Јовица Арсиќ, Марјан Лазовски со свое видување за ждрепката и шансите на Македонија на Европското.

Добивме една мошне интересна и силна група, репрезентации со висок рејтинг во европската кошарка. Меѓутоа на Европските натпревари нема лесни противници. Потајно се надевавме на Грција и ете ја добивме. Мислам дека може да се носиме со сите три селекции. Потребна е една победа за да се пласираме понатаму, нашата шанса ќе ја бараме во три натпревари и мислам дека може да поминеме понатаму.

Македонија на отварањето на Евробаскетот ќе игра против Грција,во второто коло ќе игра против Израел, додека во последното трето коло ќе игра против Хрватска.

М.П.