Настапите на македонските ракометари поставија високи стандарди за останатите репрезентации кои годинава ги очекува пормоција на Македонија на европските и светските првенства. Македонската ватерполо репрезентација на лето ќе игра на СП во Италија, додека машката сениорска кошаркарска репрезентација ќе игра на ЕП во Полска.


Стратегот на клупата на охридскиот Амак СП, Марјан Лазовски ќе биде на жешката македонска клупа на мечевите против Грција, Хрватска и Израел. Но, ракометот е топ тема во моментов па Лазовски со свое видување за играта на македонската ракометна селекција.

– Македонската репрезентација го направи најголемиот успех во репрезентативните натпревари. Освојувањето на 11- то место е одличен пласман. Во првиот дел одиграа на едно високо ниво, додека во вториот дел влегоа заморени, малата ротација и тенката клупа го направи своето, но од она што го видов сум задоволоен како од прикажанта игра така и од нивното залгање. Се надевам дека ракометарите ќе го задржат континуитетот на учества на големите натпреварувања и ќе успеаат да се искачат чекор повеќе – рече Марјан Лазовски помошниот тренер во македонската машка кошаркарска репрезентација.

М.П.