Заврши првиот дел од есенската сезона по која Амак СП ќе презими на втората позиција.  Вториот дел ,оние четири кола по кое ќе се комплетира првата фаза ќе стартува на 24 јануари наредната година. За “езерџиите“ нема одмор, тие ќе продолжат да тренираат  до 30 декември, по што ќе следува пауза , која ќе биде искористен заедно со управата да се реши болното прашање на центарската позиција..

Лазоски очекува во вториот дел екипата да влезе и физички и психички подготвена.

Првиот натпревар против Фени Инд ќе имаме да можност да ја избришеме онаа сива слика по првиот меч во Кавадарци, кој според мене беше единствениот кој  Амак го одигра под своето ниов, за што бевме казнети резултатски.


Победничката атмосфера е она што треба да ја турка екипита на Амак , кон остварување на една од целите во овогдинешната сезона.

Наша цел е влез во полуфиналето на плеј офот, додека втората цел е освовјуање на трофеј без разлика дали тоа ќе биде во купот или првенстовото.  Не играњето во Европа ќе ни остави простор подобро да се подготвиме за одлучувачките битки.

Лазовски покрај “сигурното“ заслиување на центарската позиција, не ја исклучува можност уште некој играч да го засили ростерот на Амак Сп во вториот дел од сезоната.

М.Постоловски