По натпреварот со Пивоварна Лашко, тренерот на АМАК СП, Марјан Лазоски, не го криеше разочарувањето од поразот, но сепак изрази и оптимизам дека можеби се не е загубено за охриѓани во дебитантската сезона во  кошаркарските евро купови.

Штета што  бевме поразени, но ништо уште не е изгубено, изјави  Лазоски. Ни претстои реваншот во Словенија каде ќе ја бараме нашата шанса за победа, оптимистички додаде Лазоски

– Бевме надиграни под обрачите и направивме дури 15 грешки што е многу и за домашно првенство, а не за меѓународни натпревари, а потфрли и шутот за три поени. Но доколку ја поправиме играта и ги елиминираме грешките зошто да не изненадиме на гостувањето како што тие не изненадија во Охрид, рече стратегот на охриѓани.

Амак синоќа во Охрид, загуби од Пивоварна Лашко 70:76, во првиот натпревар од првото коло од ФИБА-челинџ купот. Реваншот се игра за идната недела во Словенија.

Г.М.