Подготвките на македонската кошаркаска репрезентација се во полн ек. “Црвено жолтите“ во Америка забележаа една победа и еден пораз, а исти беше билансот и во Литванија. Репрезентацијата се комплетираше откако се приклучи  и Лестер Бо Меклејб по завршувањето на клубските обврски.

 
– На двата пријателски натпревари на располагање ќе го имам и Лестер Бо Мекклејб. Центарската линија на вториот меч брилираше, разноврснаста во нападот си го направи своето. Резултатите од натпреварите ни се во втор план, одиме да ја подигнеме формата до највисоко ниво за она што не очекува во Каракас – потенцираше селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Лазоски.
 
Македонија во квалификациската група за Олимпијада се наоѓа со Ангола и Нов Зеланд.
 

Мх.П.