Жител на Колорадо се досетил како бесплатно да набавува порно снимки. Човекот во една продавница за возрасни се претставувал како полициски детектив и барал да ги заплени порно снимките бидејќи сакал да се увери дека актерите од порно филмовите не се малолетни.


Човекот во девет дена дури три пати дошол со истото барање, но продавачот го одбивал дури и на крај повикал полиција. „Детективот“ кој покажувал полициска значка и оставил визит карта од  полицијата во Ленџмонт, поточно нивниот оддел за “контрола на возраста“, не и е познат на полицијата во Ленџмонт, а изјавиле и дека таков оддел воопшто и не постои.

На визит картата не постоело име, но постои видео запис на надзорната камера па врз основа на тоа полицијата го бара „детективот“.