Брена Рајли им раскажала на своите соседи дека веќе десет години работи за ФБИ како директор за форензички истражувања и им опишала некои од своите наводни задачи. Таа им понудила да работат како нејзини асистенти, давајќи им да потпишат документи со официјалниот печат на федералното биро.


Еден од соседите дури и дал отказ на своето вистинско работно место за да работи со неа. Се вработил кај божемниот агент и добил бројни задачи, меѓу кои и да испрати писма на агенти на ЦИА кои наводно работеле за неа и загинале на задача во Авганистан. Таа дури и му дала пиштол за поуспешно да ги завршува своите задачи. По извесно време била откриена и сега и се заканува казна затвор.