По Охрид, лажни доктори се појавија и во Скопје. Специјалната болница „Филип Втори“ соопшти дека  четири девојки, злоупотребувајќи го името на болницата на граѓаните им нуделе разни медицински помагала и им ветувале лекарски прегледи кај д-р Жан Митрев, за што наплаќале по 4.000 денари. Лажните докторки оперирале во Скопје, а за случајот е информирано Министерството за внатрешни работи.

Неодамна ваква појава беше регистрирана и во Охрид. Во повеќе домови на наши повозрасни соограѓани, доаѓале лица кои се легитимирале како лекари и преку измама им земале пари, при тоа објаснувајќи дека се пратени од Министерството за здравство. На постарите лица им кажувале дека прават список за бесплатни прегледи кои ќе се вршат во Општата болница, а договарале и операции на скопските клиники и специјални болници, за што  од измамените граѓани наплатувале од 2. 000 до 5. 000 денари.

OhridNews