СВР- Охрид регистрира нови случаи на извршено кривично дело „Измама„.

Две, засега непознати женски лица на возраст од 26 до 30 години, со лажно претставување и доведувајќи во заблуда повозрасни граѓани, против правно се стекнувале со одредена парична корист ветувајќи бесплатна здравствена нега, лекување и помош.

Вчера околу 13 часот, во селото Мешеишта, двете непознати женски лица отишле во домот на Т.К (79) и М.К. (81) претставувајќи им се како медицински сестри вработени во лекарска ординација на доктор од Битола. Тие им ветиле бесплатна медицинска нега за што побарале и добиле 6. ооо денари.

На ден 23-ти Ноември оваа година, исто така, две засега непознати женски лица, околу 13 часот, дошле во домот на А.К.( 84) и Д.К.(84) од селото Подгорци-Струшко. Нив им се претставиле како вработени во Фондот за здравство од Битола и им кажале дека за неколку дена ќе дојде медицинска екипа од Доктор и Медицинска сестра кои бесплатно ќе им пружат медицинска нега и помош. Притоа им кажале дека бесплатно им оставаат појас и пар влошки за чевли, додека за ветената бесплатна медицинска нега побарале и добиле 7. 000 денари.

СВР Охрид, презема оперативни мерки за иденти- фикација на сторителите и за целосно расветлување на овие кривични дела.

OhridNews