Изминатите неколку денови во некои села од охридската општина и општина Дебрца забележени се лица кои се претставуваат како вработени во Црвениот крст и одат од куќа до куќа, ветувајќи им на луѓето помош во прехрамбени производи, за што им бараат одреден финансиски надомест (пари), информираат од Црвен крст – Охрид.

Оваа организација целосно се оградува од овие појави, бидејќи, како што се вели во соопштението за јавност „Црвен крст – Охрид нема ништо заедничко со тие лица и апелира граѓаните да не подлегнуваат на ваквите измами“.

Напоменуваме дека, согласно принципите на работа на Црвениот крст, Црвен крст Охрид своите активности претходно ги најавува во јавноста, а активистите и вработените се препознатливи по соодветните униформи и легитимации, се вели во соопштението на оваа хуманитарна организација.

Ohridnews