Една канаѓанка која уверила еден адвокат дека е вештерка за да го измами за поголема сума пари се појавила пред судот во Торонто. Висвонти Першо успеала да го убеди Ноел Дејли, експерт за кривично право, дека потекнува од стара лоза на вештерки, дека знае да гледа на тарот карти, дека е реинкарнација на својата умрена сестра и дека ќе му помогне во финансиските трансакции.
Бидејќи не ги исполнила ветувањата, адвокатот почнал да се сомнева и вештерката била уапсена на почетокот на декември. Била обвинета дека го оштетила адвокатот за повеќе од 100 илјади долари. Со обвинение за измама, неа може да и се суди и по еден стар член на канадскиот кривичен закон, според кој оние кои лажно се претставуваат како вештерки можат да добијат казна затвор од шест месеци.