Не е` се така идилично во Хрватска. Ракометниот Мундијал кој се до денешниот ден се одвиваше во најдобар ред се соочи  со “Дивиот Балкан“.

Во хотелот „Коловаре“ во Задар каде се сместени ракометарите на репрезентациите кои ќе играат во Задар, имало лажна дојава за поставена бомба.

Анонимна личност се јавила во еден од локалните весници, а новинарите веднаш ја известиле полицијата. Полицијата дискретно извршила преглед на хотелот, по што констатирала дека се работи за лажна дојава.


Како што објавија хрватските медиуми полицијата на српските ракометари им препорачала да не го напуштат хотелот, а членовите на спрската репрезентација имаат сосема поинаков режим од останатите.

Колку ваквите инциденти ќе фрлат сенка на досега одлично организираното првенство ќе дознаеме деновие.

ohridnews