Пилот по кој е распишана потерница поради проневера на пари, се обидел да ја лажира сопствената смрт предизвикувајќи пад со леталото со кое управувал. Сепак, полицијата брзо утврдила дека се работи за лага, па распишала потерница по човекот.
Тој, според изјавите на полицијата, срушил помал авион над Алабама. Го преживеал падот, се пријавил во блискиот хотел под лажно име и потоа побегнал, изјавил локалниот шериф во Флорида.
Пилотот кој е идентификуван како 38-годишниот Маркус Шренкер бил единствениот човек во авионот кој полетал во неделата од Индијана. Пилотот во еден момент извршил лажен повик во кој повикувал помош, го ставил авионот на функцијата за самоуправување и потоа скокнал од авионот.
По падот на авионот, бегалецот наводно и се прибижи на полициската патрола, се наведнал и барал помош. Им рекол дека доживеал несреќа со кану, покажувајќи ја возачката дозвола на која бил неговиот вистински идентитет, а полицијата го испратила до хотелот. Додека властите сфатиле за што се работи, пилотот побегнал од хотелот.