На Ендрју Палмер од Балтимор му била изречена казна од една и пол година затвор, бидејќи во повеќе навратио се претварал дека има срцев напад за да го избегне плаќањето на сметката во рестораните. Судот му ја изрекол максималната казна откако палмер ја признал вината.


Тој од април јадел и пиел во неколку ресторани, а во моментот кога требел да ја плати сметката многу уверливо глумел дека добива инфаркт. Најголемата казна за секое поединечно дело изнесува 90 дена бидејќи сметката никогаш не била повисока од 100 долари. Тој и претходно бил апсен неколку пати најчесто поради кражби.