Еден лажен свештеник држел миси секое лето цели 20 години во едно мало село во областа Венето, Италија. Отецот Томасо секое лето се ставал на располагање на другите свештеници во областа за да можат тие да одат на годишен одмор. Лажниот свештеник кој денес има 84 години, доаѓал на почетокот на мај а заминувал на есен, и ги заменувал колегите држејќи миси, давајќи причесна, слушајќи исповеди и примајќи подароци од верниците кај кои живеел и се хранел.


Минатото лето му се слошило и бил хоспитализиран, а новиот млад свештеник поставен на чело на парохијата ја известил управата на манастирот за Отецот Томасо, и на тој начин измамата била откриена. Се воспоставило дека станува збор за Итало Галијени од Перуџа, кој живеел од социјална помош.