Американец со потекло од Еквадор е обвинет за држење илегална стоматолошка ординација во кујната од својата куќа во предградие на Њујорк.


Лажниот стоматолог Карлос Флорес наместо анестезија на пациентите им давал вино за да им помогне да ја издржат болката, а полицијата дознала за оваа амбуланта кога еден пациент завршил во болница откако Флорес му го скршил забот при обид да го извади. Полицијата навела дека Флоресовите пациенти биле сиромашни емигранти од Латино Америка и дека во кујната се наоѓала една стоматолошка столица, лекови и стоматолошка опрема прекриена со крв.

Флорес е обвинет за стоматолошка работа без овластување. Меѓутоа, тој тврди дека имал стоматолошка дозвола во Еквадор.